Авионот на Меркел имал „сообраќајка“

Авионот на германската канцеларка вчера бил оштетен во сообраќајна несреќа,  објави тимот „Луфтвафе„  на „Твитер“.



На аеродромот во Дортмунд во владиниот авион „Глобал 5000“ удрил комбе додека бил паркиран  на пистата.

Поради тоа, канцеларката мораше да отпатува за Берлин со хеликоптер на Министерството за одбрана.