
Небојша Стефановиќ, министерот за одбрана на Република Србија, на вонредна прес-конференција изјави дека авионот што синоќа се урна во Грција, Антонов 12, превезувал 11,5 тони српска специјална индустрија за Министерството за одбрана на Бангладеш.
Грчките медиуми тврдат дека во авионот имало осум лица и дека превезувал 12 тони „опасни материјали“, главно експлозив.
За жал, сите осум членови на екипажот загинаа, рече Стефановиќ. Министерот рече дека авионот полетал во 20:40 часот од Ниш.
„Ви се обраќам во врска со падот на авионот Антонов 12 на територијата на Грција, кој полета од нашиот аеродром во Ниш. Станува збор за авион Антонов 12 во сопственост на компанијата Меридијан од Украина.
Како што истакна, животот го загубија сите осум членови на екипажот. Стефановиќ вели дека летот имал дозвола да лета од Ниш, со технички слетувања во Аман, Ријад, Ахмедабад и било планирано да слета во Дака.






