Најмалку 16 лица загинаа откако авион со 72 лица се урна во Непал.



Авионот летал од главниот град Катманду кон Покара туристички град на околу 200 километри западно од Катманду.

Во двомоторниот авион АТР 72 со кој управува непалската „Јети ерлајнс“ имало 72 лица, вклучувајќи две новороденчиња, четворица членови на екипажот и 10 странски државјани, изјави портпаролот на авиокомпанијата Сударшан Бартаула.

„Очекуваме да извлечеме уште тела“, изјави портпаролот на армијата Кришна Бандари за новинската агенција Ројтерс.

Локалната телевизија прикажа густ црн чад како извира од местото на несреќата додека спасувачите и толпа луѓе се собраа околу остатоците од авионот.

Непалскиот премиер Пушпа Камал Дахал свика итен состанок на владата по авионската несреќа, се вели во владиното соопштение.

„Длабоко сум тажен поради тажната и трагична несреќа на Yeti Airlines ANC ATR 72 кој леташе од Катманду до Похара со патници“, објави тој на Твитер.