Се очекува исплатата на августовската пензија да започне в петок, на први септември.
Министерство за труд и социјална политика ги известува пензионерите дека пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно, но дека со исплатата на пензијата за месец август се враќа редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот.
Пензионерите кои примаат пензија до 14.000 денари ќе ги добијат пензиите на 1. септември, додека на останатите во следните денови.
Пензионерите кои располагаат со платежни картички своите пензии ќе можат истиот ден – 1 септември – да ги подигнат на банкоматите.
Се очекува, со најавеното усогласување, септемвриските пензии да бидат повисоки за над 6 насто!?






