Авганистанскиот амбасадор во Софија, Мохамад Саифи, предупредува дека огромен ќе биде бројот на луѓе кои по копнен пат ќе тргнат кон Европа откако земјата, по 20 години, одново паѓа во рацете на талибанците.
„Бегаат кон Пакистан или Иран. Од Иран во Турција, потоа кон Бугарија или Грција и понатаму. Не станува збор за економски мигранти, туку за обид да останат живи. Младите Авганистанци не сакаат да се вратат назад. Особено не жените и младите девојки. Тие не сакаат бурки, тие не сакаат да бидат затворени во домовите.
Ние веќе не сме оние луѓе од пред 20 години. Веќе знаеме што е демократија, што е слобода. Ниту талибанците, ниту кој било друг, никој нема да нѐ врати назад, како пред 20 години. Но убеден сум дека од овој момент ќе има милиони, милиони наши политички и хуманитарни бегалци.
За жал. Нашиот народ не сака леб, сака само слобода, слобода без војна“, изјави Саифи за бугарски медиуми, пренесеува Дојче веле







