Талибанците одлучија дека авганистанските жени мора да ги покриваат лицата. Портпаролот на талибанското Министерство за доблест и превенција ја прочита одлуката на талибанскиот лидер Хибатула Ахунџад, според која таткото или најблискиот машки роднина на жена која не го покрива лицето надвор од домот ќе добие предупредувачка посета а на крајот да завршат во затвор, или да ги изгубат своите работни места во државната служба.



За идеално решение се смета сината бурка која го покрива целото тело и стана глобален симбол на претходниот талибански режим, кој беше на власт од 1996 до 2001 година.

Повеќето жени во Авганистан носат шал од религиозни причини, но многу од урбаните области како Кабул не го покриваат лицето.

Талибанците ги затворија средните училишта за девојки во март на денот кога требаше да започнат со работа, а во последните месеци воведоа построги ограничувања за жените, па така сега тие не смеат да патуваат без придружба или да посетуваат паркови истовремено со мажите.