Авганистанците да одат во струмичкиот хотел Вила Парк по принципот “Едно евро за Вицето”

Заев не е способен во Македонија да им помогне ни на семејствата кои имаат лица со посебни потреби, не пак тоа да го прави за граѓани од трети земји, каде немаме ниту амбасада која би дала барем основни безбедносни податоци за бегалците, пишува пратеникот Антонио Милошоски кој смета дека Македонија е меѓу посиромашните држави во Европа, и во оваа ескалација со Авганистан, добро е владата да укаже дека солидарноста треба да се демонстрира од страна најбогатите членки на Обединетите Нации, кои имаат и добар систем за образование и интеграција на бегалци.



“Ако Заев сепак сака да глуми хуманитарец, нека не го прави тоа на сметка на народниот буџет, туку нека даде личен пример и нека смести 200 бегалци од Авганистан во хотелот “Вила Парк” во Струмица, каде ќе им помогне финансиски преку веќе познатиот модел 1€ за Вицето”, порачува Милошоски потсетувајќи на случајот во кој премиерот Заев беше фатен како бара едно евро од квадрат за издавање на соодветна дозвола во Струмица во времето кога беше градоначалник.

Хотелот Вила Парк важи за локација која е поврзана со активностите на фамилијата Заеви во Струмица.

Линк до постот на Милошоски

https://www.facebook.com/137339409618867/posts/4631211616898268/