На жените во Авганистан ќе им биде дозволено да студираат на универзитети, но отделно од мажи, објави „Индипендент“, повикувајќи се на изјава на Абдул Баки Хакани, ВД талибански министер за високо образование
Хакани рече дека новиот образовен систем во Авганистан ќе обезбеди посебно образование за жените и мажите. Покрај тоа, само жени ќе можат да предаваат на студентки.
„Луѓето во Авганистан ќе продолжат да следат високото образование во согласност со шеријатските закони, истовремено гарантирајќи безбедна образовна средина во која мажите и жените не се во иста училница“, рече висок портпарол на Талибанците.
Хакани, исто така, истакна дека наставната програма ќе биде изменета за да се создаде „разумен исламски наставен план“ во согласност со верските, националните и историските вредности на Авганистан, како и глобалните образовни стандарди.







