Авганистан: За 10 години загинале или ранети се 100.000 цивили

Стапи во сила договорот меѓу САД и Талибанците за „намалување на насилството“ што би требало да отвори пат за потпишување мировен договор во земјата која 18 години е во војна.



Обединетите нации соопштија дека во Авганистан е постигнат неславен рекорд од 100.000 убиени цивили, убиени или повредени во последните десет години откако Светската организација започна со документирање на жртвите.

Извештајот е објавен денеска од страна на Мисијата ОН за помош во Авганистан, по стапувањето во сила на договорот за „намалување на насилството“ меѓу САД и Талибанците, што го отвора патот за мировен договор за кој Вашингтон се надева дека ќе стави крај на најдолгата американска војна.

„Речиси ниту еден Авганистанец не успеа да избегне да биде лично засегнат од насилство во земјата.

Тоа е апсолутен императив за сите страни да ја искористат можноста да ги прекинат борбите додека предолго се чека мир; животот на цивилите мора да биде заштитен додека мировните напори се во тек “, порача Тадамичи Јамамото, специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Авганистан, пренесува Асошиејтед Прес.