Талибанските власти во западниот авганистански град Херат убија четворица наводни киднапери и јавно ги обесија нивните тела како предупредување, изјави претставник на локалната власт.
На вознемирувачките снимки се гледаат тела на најмалку четворица мажи со облиени во крв и обесени од кранови.
„Кој ќе киднапира други, ќе заврши вака“, пишува во порака на градите на телата. З
Шефот на полициската област назначен од Талибанците во Херат, рече дека биле спасени татко и син кои биле киднапирани од четворица киднапери кои биле ликвидирани.






