Авганистан бара меѓународна помош по земјотресот кој уби над 1.000

По вчерашниот земјотрес со магнитуда од 6,1 степен, во кој загинаа над 1.000 луѓе, а повеќе од 1.500 се повредени.



Властите во Кабу побараа помош од меѓународната заедница, додека спасувачките напори се попречени од силниот дожд и недостигот на ресурси.

РеагирашеЈапонија која веднаш изрази подготвеност да помогне, но и ген-секот на ОН Антонио Гутереш дека помошта нема да изостане.

Ова е најсмртоносниот земјотрес во земјата во изминатите две децении и непознато е колку луѓе уште има под урнатините, па властите велат дека бројот на жртвите ќе биде и поголем.