Расте бројот на жртвите од силниот земјотрес што вчера го погоди Авганистан, а според новите официјални податоци, објавени од талибанската влада во неделата, загинале повеќе од две илјади луѓе, а над девет илјади се повредени. По земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала што во саботата го погоди регионот на околу 30 километри северозападно од градот Херат, следеа уште осум силни потреси.
2.053 луѓе загинаа, а 9.240 се повредени, соопшти во неделата Министерството за катастрофи. Тој додава дека уништени или оштетени се 1.329 куќи.
Повеќе од 200 мртви се донесени во неколку болници, изјави претставник на Министерството за здравство: „Повеќето од нив се жени и деца, а 510 се повредени. Во селото Сарболанд, во областа Зинда Јан, беа збришани десетици куќи, јавува новинар на АФП.







