Порталот Лидер.мк објавува аудио материјал за кој тврди дека прикажува насилство на градоначалникот на Шуто Оризари од редовите на СДСМ Курто Дудуш.
Во аудиото, според порталот се слуша како градоначалникот Курто Дудуш го прашува киднапираниот зошто го пцуел „на сред центар“ и почнува физички да го измачува.
Во снимката во неколку наврати се слушаат удари и тепање на извесниот Сенат, кој е заклучен во канцеларијата на Дудуш.
Градоначалникот Курто Дудуш, кој е и поранешен пратеник од редовите на СДСМ на изборите во 2016, на снимката додека го тепа Сенат, се слуша и како користи навредливи зборови како „чергар“, „п*дер“, „племето да ти го е*ам“, „мртвите да ти ги е*ам“…
Се слуша и како Дудуш, додека тепа, вели дека тој е градоначалник и тепаниот не му може ништо затоа што гласот не му се слуша во Шутка.
Повеќе на линкот





