„Ауди“-то на Мерко стигна пред Антикорупциска

Антикорупциската комисија отвори предмети против градоначалникот на Струга Рамиз Мерко..



Членовите се повикале на написи во медиумите каде Мерко вели дека не му личи да вози „шкода“ и дека требало да купи уште поубава автомобил „ауди-то“ кое чини 67 илјади евра.

На седницата на ДКСК беше потенцирано дека набавката на возилата се прави во време кога Владата донела одлука финасиски да им се помогне на општините кои имаат долгови меѓу кои е и Струга со долг од 4 милиони евра.

Антикорупциска отвори и постапка за претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски за набавката на луксузно „BMW“ од 40 илјади евра за Врховниот суд.