Белоруската атлетичарка Кристина Тимановска, која одби да го напушти Токио и против своја волја да се врати во земјата, е „безбедна“ во Токио, објави денескаМеѓународниот олимписки комитет (МОК).
Тимановска (24) ноќта ја мина во аеродромскиот хотел, откако во неделата вечер побара заштита од јапонската полиција на аеродромот Ханеда, изјави на прес -конференција портпаролот на МОК, Марк Адамс, пренесува Танјуг.
Таа за новинарот на Ројтерс потврди дека главниот тренер на Белорусија се појавил во нејзината соба во Олимпиското село синоќа по јапонско време и ѝ рекол дека мора да оди со него.
„Главниот тренер ми пријде и ми рече дека добил наредба одозгора да ме отстранат. Во пет часот (попладне) дојдоа во мојата соба, ми рекоа да се спакувам и ме однесоа на аеродром “, напиша Тимановска во пораката.
Но, атлетичарката од Белорусија одбила да се качи на летот и рече дека нема да се врати во Белорусија.
Тимановска може да поднесе барање за азил во Германија, објави ТВ Нипон во неделата вечерта, повикувајќи се на неименувани извори, а Токио Спорт претходно, повикувајќи се на свои извори, објави дека Тимановска планира да поднесе барање за азил во Австрија.
Франција и нејзините партнери во ЕУ размислуваат да ѝ дадат политички азил на Тимановскаја, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи, Клемен Бон. „Заедно со голем број европски партии, размислуваме дали можеме да ѝ доделиме политички азил во наредните денови или недели“…
„Го поздравувам фактот што Меѓународниот олимписки комитет – МОК, заедно со јапонските власти и полицијата, ја осигураа безбедноста на овој спортист“, рече тој.
Белорускиот олимписки комитет претходно објави дека тренерите одлучиле да ја вратат атлетичарката дома поради нејзината психолошка состојба, а таа требаше да учествува на трките на 100 и 200 метри, објави претходно ТАСС.







