Навивач на АЕК (22) загинал по судир со навивачката група „Бед блу бојс“ на Динамо пред вечерашниот меч во Атина, јавуваат грчките медиуми Газета и Спорт24.



И покрај забраната за присуство на гостински навивачи на натпреварите од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите меѓу актуелниот хрватски шампион Динамо и грчкиот АЕК, дел од навивачите на загрепскиот клуб отпатуваа за Атина, каде првиот натпревар се игра денеска од 20:45 часот.

Газета пишува дека навивачот починал откако бил прободен со остар предмет. Грчките медиуми јавуваат дека брзата помош го префрлила младиот човек во болница, каде лекарите се бореле да му го спасат животот. Тој беше придружуван од неколку повредени навивачи, додека шестмина од нив беа „во очај, се држеа за лицата и постојано разговараа на телефон“, чекајќи да видат што ќе се случи со член на нивната група, наведува Газета.

Меѓу повредените има и Грци и Хрвати, истакнува Газета, наведувајќи дека повеќе од 150 хрватски навивачи дошле во Атина.