Атина вознемирена по протерувањето грчки дипломати од Москва

Русија забрани влез во земјата на директорот на политичката канцеларија на министерот за надворешни на Грција, Јоргос Сакелариу, како дел од контра-0мерките откако Атина во јули протера двајца руски дипломати, а на двајца други им забрани влез во земјата.



Руското Министерство за надворешни работи вчера го повика грчкиот амбасадор во Москва, Андреас Фриганас, и го информиран за одговорот на Русија.

Според  весникот То Вима, „руската одмазда“ вклучува протерување и на трговскиот претставник на Грција во Москва како и на офицерот за комуникации.

То Вима потсетува дека Грција протера двајца руски дипломати кои наводно биле вклучени во обиди да се мешаат во внатрешни работи на Грција, како што е договорот од Преспа.

Инцидентот доведе до заладување на дипломатските односи меѓу двете земји и кулминираше со одложувањео на посетата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на Атина.

„Катимерини“ јавува дека дека дипломатски кругови во Грција го оцениле последниот потег на Москва како „асиметричен“ и дека официјална Атина го повикала рускиот амбасадор и дека се разгледува каков ќе биде грчкиот одговор.