Годинава ќе заврши без да биде потребно грчката страна да направи апсолутно никаков чекор, пишува грчкиот весник „Катимерини“ во анализата во пресрет на референдумот.
Весникот анализира дека „во случај да биде отфрлен договорот, Зоран Заев не може да го направи следниот чекор и покрај фактот што референдумот има консултативен карактер“, пренесува МИА.
Според второто сценарио ако има позитивен исход на референдумот, би следела уставна ревизија, „што може да трае и до три месеци“.
Весникот оценува дека малку е веројатно успехот на референдумот да ги премиесли пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да одобрат промена на Уставот, поради што ќе се оди на предвремени избори.
„ На кусо, 2018 ќе замине без да биде потребно грчката страна да направи апсолутно ништо, пишува „Катимерини“.
Но весникот потсетува дека меѓународните партнери на Атина сметаат дека можните предвремени избори во Грција би можеле да го одведат договорот во ќорсокак.




