Атина се подготвува да постави скулптура на Александар Македонски, прв споменик во чест на големиот македонски крал во главниот град на Грција.

Постаментот на статуата која е дело на скулпторот Јанис Папас (1913-2005) веќе се поставува во центарот на Атина.
Статуата беше завршена уште во 1973 година, но во следните дваесет години, остана на работилницата Папас, пишува Greek reporter.
Статуата на големиот освојувач за прв пат беше изложена во Националната галерија во 1992 година и беше откупена од грчкото Министерство за култура и донирана на градот Атина со намера да биде поставена во историскиот центар на градот.

Меѓутоа, Централниот археолошки совет со години се спротивставуваше на ова.
Трошокот за поставување на 3,5 метри високата статуа ќе бидат покриени од семејството на скулпторот.





