Атина до Брисел: Не вие, туку ние одлучуваме за ФИРОМ

Грција се вознемири од изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан, кој во Скопје изјави дека Македонија работи добро и дека се надева на решение на името во наредниве недели.



За Грција Брисел не е тој кој што треба да најде решение, а кое според Атина е на дофат.

Користејќи го вокабуларот од извешајот на ЕК во кој се вели дека Македонија не може брзо да ги спроведе реформите поради кризата од последните години и Атина во пораката до Брисел вели дека „во врска со ФИРОМ треба да се изоди долг пат и да се пополни дупката создадена со назадувањето од изминативе години“.

Грција уште еднаш ги потсетува сите заинтересирани дека и покрај препораката на Европската Комисија финалната одлука за почеток на преговори за Македонија ќе ја донесе Советот на ЕУ, каде е јасно дека Грција има право на вето.