Грчкото МНР од Заев да дознае кои грчки бизнисмени се обиделе да подмитат и кого сакале да поткупат, побара грчкото Движење за промени.
Изјавата на македонскиот премиер дека про-руски бизнисмени од Грција ќе финансирале насилни протести во Македонија против членството на земајта во НАТО, предизвика реакции и во Грција.
„Македонскиот премиер Зоран Заев покрена ‘бомби’ при неговото враќање од НАТО, насочени кон грчките бизнисмени“’,напиша грчки медиум.
Како што јавува МИА од Атина, портпаролот на партијата- коалиција на ПАСОК и Демократска левица, Павлос Христидис, во писмената изјава вели дека чекаат од грчката влада известување за случајот со руските дипломати.
„Министерството за надворешни работи треба да го направи она што е очигледно. Да стапи во контакт со господинот Заев за да дознае кои грчки бизнисмени се обиделе да подмитат и кого. Уште очекуваме известување за тоа што се случи со руските дипломати, вели Христидис.






