Атина бара објаснување дали СДСМ се откажува од Преспанскиот договор (ВИДЕО)

Грчки дипломатски извори брифираат дека владата на Неа Демократија ќе побара официјално дипломатско објаснување зошто новиот македонски технички премиер Оливер Спасовски и вицепремиерка Мила Царовска кои ќе стапат на своите функции на 3 јануари не го користат името Северна Македонија.



Грчката амбасада во Скопје во Атина испратила допис дека и Спасовски и Царовска во своите јавни настапи зборуваат за Македонија а не за Северна Македонија како што е договорено со преспанскиот договор и како што тоа го прават премиерот во заминување Заев и министерот Димитров.

Од утре преку дипломатски канали грчкото МНР на барање на кабинетот на премиерот Мицотакис ќе побараат официјално објаснување дали СДСМ и владата во Скопје се откажуваат од договорот од Преспа откако идните челни луѓе во владата го избегнуваат зборот Северна.

Грција меѓу другите “инциденти” реагира и за овие две изјави на Спасовски и Царовска.

Видеото на линкот

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2539824386288971&id=1915590235379059&sfnsn=mo&d=n&vh=e