Џон Хинкли, кој се обиде да го убие американскиот претседател Роналд Реган во 1981 година, целосно е на слобода шест години откако бил пуштен од психијатриска болница, пишува Ројтерс.
На 30 март 1981 година, 25-годишниот Џон Хинкли Џуниор пукаше врз американскиот претседател Роналд Реган, кој се наоѓаше пред хотелот Вашингтон Хилтон. Претседателот Реган беше погоден од еден куршум, кој го проби неговото белодробно крило. Тројца други, исто така, беа повредени при пукањето.
Претходно овој месец, судот во Вашингтон пресуди дека по повеќедецениско лекување и психијатриски прегледи, Хинкли повеќе не претставува закана и дека ограничувањата за неговиот живот по неговото ослободување ќе бидат укинати на 15 јуни.
„После 41 година, 2 месеци и 15 дена, КОНЕЧНО СЛОБОДА!!! напиша тој во Твтиер.
Хинкли, кој сега има 67 години, ги застрела Реган и уште тројца со револвер пред хотел во Вашингтон на 30 март 1981 година. Хинкли рече дека сакал да ја импресионира актерката Џоди Фостер, со која стана опседнат откако ја гледаше во филмот „Таксист“.
Сите четири луѓе кои ги застрелал преживеале, иако портпаролот на Реган, Џејмс Брејди, останал делумно парализиран и принуден да користи инвалидска количка.
На судењето против него во 1982 година, Хинкли беше ослободен од обвинението за лудило и беше примен во психијатриска институција.
Тој беше ослободен во септември 2016 година, но мораше да живее со својата постара мајка во затворена заедница во Вилијамсбург, Вирџинија, под долга листа на ограничувања.
Исто така, му беше забрането да контактира со Џоди Фостер или да патува во која било област каде што ќе бидат присутни сегашниот или поранешниот претседател, потпретседател или член на Конгресот.






