Три лица се тешко повредени во обидот за убиство на обвинителот кој пред една недела бил вербално нападнат од Еди Рама и потпретседателот на албанската Влада, Браче.
Меѓу тројца повредени е јавниот обвинител од Драч Арјан Ндој кој бил главна мета на нападот според албанската полиција.
Вооружениот напад врз Ндој доаѓа неколку недели откако албанскиот премиер Еди Рама и вицепремиерот Ериин Браче вербално го нападнаа Ндој.
Рама тогаш во врска со притворот на шефот на Катастарот на Драч изјави дека Ндој бил суперкорумпиран и дека знае дека нема да го мине ветингот во правосудството и затоа “граба што може да грабне”
Предходно Високиот Совет на обвинители и ЕУ повикаа Рама да не шири дезинформации за случајот во Драч и се што има да пријави во обвинителството за организиран криминал.





