Арсовски за оставката на Заев: Предаторите веќе си ги острат катниците

Политичкиот аналитичар Патар Арсовски најавува остра битка во СДСМ ( и во владата) се разбира, по најавената оставка на челникот на партијата и премиер Зоран Заев.



„Се поставува прашањето кој би бил наследник на Зоран Заев во ова меѓувреме, а и подоцна во партијата. Тоа прашање е најтешко за одговарање, имајќи предвид дека тука тој самиот сепак ќе има ограничено влијание, бидејќи е во оставка, а предаторите, и за Владата, и за партијата, веќе си ги острат катниците.

Единствениот реален ризик тука е што, доколку Заев сега промовира некого од партијата во нов мандатар, сите тоа ќе го прочитаат како истиот однапред да го прогласил и за фаворит во партиската битка, хендикепирајќи ги другите потенцијални противкандидати. Затоа, не треба да бидеме изненадени со некакво решение кое не е директно од СДСМ за мандатар, за да се одвојат тие две агенди и борби, во обид да се оневозможи нефер влијание на едната функција (таа во владата) на подоцнежниот партиски избор“, пишува Арсовски за Дојче веле.