Премиерот Зоран Заев вели дека Заменикот министер за образование Петар Атанасов ургирал кај него да стане министер и најавил, дека во спротиивно, ќе поднесе оставка.
„Жалам што господинот Петар Атанасов вака тоа го објави со таква употреба на зборови и штом тоа така го направи, редно е да кажам дека тоа го направи затоа што не стана министер за образование.
Од мене бараше да стане министер за образование, јас одлучив дека не треба да стане министер. Јас во саботата ја донесов конечната одлука и му ја соопштив.
Тој неколкукратно доаѓаше кај мене и бараше да стане министер за образование. Велеше ако не ми дадете да бидам министер ќе си дадам оставка. Океј, секој не може да биде министер, некојпат и околностите се такви некој да не може да биде министер“ – рече Заев.
Извор: АКО





