Атанасоски: Ветила ли Македонија пораз против Грција на патот до ЕП

По преговарачка средба меѓу шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коsијас во Охрид, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски ја повика Владата да престане со понижувањата.



Според МА прекривањето на симболот на сонцето од Кутлеш во хотелот каде преспа Коsијас е срам и дно за надворешната политика!

“Што е следно? Да не ветиле Заев и Димитров дека Македонија нема да ја победи Грција во квалификациите за Европското првенство во ракомет?”, прашува Атанасоски.

“Бараме транспарентност! Има ли Владата план Б за преговорите или влета во Грчката замка за директни преговори ризикувајќи го стратешки важното покровителство на ООН? Кој ќе понесе одговорност доколку пропаѓањето на директни преговори оди на штета само на Македонија? Зошто Заев и Димитров самите ја загрозуваат Времената Спогодба? Ако актуелните функционери не се способни да се изборат за Татковината и сопствениот народ, тогаш нека си дадат оставка и нека заминат веднаш. Има кој поседува храброст и знаење за тоа како се штитат Македонските национални интереси”, прашува Атанасоски и бара итен прекин на преговорите.