Астронаутот на НАСА, Скот Кели поминал 340 денови во вселенско летало каде што бил изолиран од своето семејство и пријатели.
-Правилно распоредете го денот – Обидете се да го следите распоредот за секој ден доволно да работите и спиете. Важно е и да вежбате. Ако работите од дома, важно е да го почитувате работното време. Работата ќе ве чека и утре.
-Пронајдете ново хоби, или освежете го старото – Времето мора да го пополните со некое хоби. Започнете да учите странски јазици со онлајн курсеви, искористете го слободното време. Или, научите да свирите музички инструмент. Тоа е добро за развивање на мозокот, за вашето здравје и продуктивност.
-Закажете видео-средби со своето семејство и пријатели – Исклучително е важно да бидете во контакт со блиските, кога веќе не можеме физички да бидеме до нив. Бројни истражувања укажуваат на тоа дека за менталното здравје е добро да ги сочуваме силни социјалните врски.
„Никогаш не сум пропуштил прилика да имам видеоповик со семејството и пријателите. Го обожувам тој дел од денот“, изјави астронаутот Кели кој веројатно е еден од најголемите авторитети за совети по речиси една година поминати во многу ограниќен простор додека кружел во вселенска лабораторија околу Земјата.






