Австриската полиција, преку Европол, до Министерството за внатрешни работи беше доставила барање за соработка и информации околу терористичкиот напад кој се случи синоќа во Виена, дознава „Независен“.
Утврдено е дека од списокот доставен од австриската полиција три лица покрај австриското имаат и државјанство на Република Македонија:
К.Ф. (роден во Модлинг, Австрија), А.Г. (роден во Сент Полтен, Австрија) и У.А. (роден во Виена, Австрија).
Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се ставил на располагање на колегите од Австрија и интензивно соработуваат на сите елементи поврзани со овој случај, соопштија од МВР.




