АстраЗенека го намали планот за испорака на вакцини во земјите на ЕУ за 2,5 пати во вториот квартал од годинава, јавуваат медиуми.
Од 180 милиони дози според договорот, АстраЗенека извести дека ќе може да испорача 70 милиони вакцини во вториот квартал, соопшти претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајан на прес-конференција во Брисел.






