Два астероиди со големина на облакодер поминуваат покрај Земјата, при што едниот пролета доцна вчера, а вториот денеска.



Астероидот 2016 CZ31 прелетал со брзина од 55.618 километри на час. Астрономите проценуваат дека астероидот е долг околу 122 метри.

Астероидот безбедно ја заобиколи нашата планета, минувајќи околу 2.800.000 км од Земјата, или повеќе од седум пати повеќе од просечното растојание помеѓу Земјата и Месечината.

Денеска, втор, уште поголем астероид ќе помине покрај нашата планета, иако на поголема оддалеченост од Земјата.

Астероид, именуван 2013 CU83, има приближно 183 метри ширина и ќе помине на околу 4.320.000 милји (6.960.000 km) од Земјата, или околу 18 пати од просечното растојание помеѓу Земјата и Месечината.

Оваа колосална вселенска карпа ќе патува со 13.153 mph (21.168 km/h) кога ќе се приближи до Земјата.