Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари и нуди помош на владата и министерот Филипче за полесно справување со Ковид-19 кризата.
Од таму се чудат зошто се чека цели 3 дена за да се искористат вакцините кои што дојдоа денеска од Ковакс системот.
“Срамота е да нема разработен акционен план, посебно што се знаеше кога ќе дојдат вакцините.
Апелираме цело време за јасен и транспарентен акционен план. За јасна комуникација и лесно закажување за пациентите.
Срамота е што само за еден викенд има повеќе вакцинирани Македонци во Србија отколку што со донираните вакцини кај нас се успеа за скоро 1,5 месец.
Срамота е што сеуште цела Македонија се вакцинира во Скопје.
Побарајте помош, тука сме, велат во својата реакција од АСМЛ.





