Асен Василев денеска во 17:00 часот ќе го прими мандатот од претседателот Румен Радев. Тој е номиниран од владејачката партија „Продолжуваме со промените“.



Веста преку видео обраќање ја соопшти премиерот во оставка Кирил Петков.

Асен Василев е бугарски политичар од политичкиот проект „Продолжување на промените“, бизнисмен, претприемач и економист.

Ја извршувал функцијата министер за финансии во првиот и вториот кабинет на (техничкиот премиер) Стефан Јанев и во редовната влада на Кирил Петков (од 12 мај 2021 година).