Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж се ожени во лондонскиот затвор Белмарш. Избраничката е неговата адвокатка и долгогодишна партнерка Стела Морис.
Двојката се запозна за време на азиланстскиот престој на Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 до 2019 година.
Тие имаат две деца, Макс и Габриел.
На свадбената церемонија присуствуваа четири гости и двајца сведоци: строгите затворски правила повеќе не дозволуваат.
Асанж треба да биде испорачан во САД каде му се заканува затворска казна до 175 години.






