Асанж пред суд во Лондон, следуваат уште судења

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, денеска беше изведен судот во Вестминстер поради кршење на условите за пуштање со кауција.  За ова, му се заканува казна затвор од 12 месеци.



Истовремено, американските обвинители а објавија дека поднесоа обвинение против основачот на Викиликс, за соработка со поранешниот американски разузнавач Челси Менинг, во преку кој добил доверливи информации од Пентагон и ги објавил во 2010 година.

За ова дело, Асанж, кој денеска беше уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон, се соочува со максимум пет години затвор соопшти американското Министерство за правда, пренесува  Ројтерс.

И шведските власти денеска соопштија дека може да го обноват случајот против Џулијан Асанж кој во таа земја беше обвинет за силување. Случајот, инаку беше затворен во 2017 година.

Властите на Еквадор кои му го укинаа азиланстскиот статус на Асанж кој помина цели шест години во амбасадата на оваа земја во Лондон, објавија дека претходно добиле гаранции од британските власти дека нема да го испорачаат Асанж во земја во која има смртна казна.