Ниту македонскиот јазик, ниту Гоце Делчев не ги кочат преговорите помеѓу Бугарија и Македонија. Најголемиот проблем е периодот на Втортаа светска војна, кога тогашна Голема Бугарија ги избрка Евреите од Македонија во логорот Треблинка. Бугарија сака одговорноста за ова да ја преземе Македонија, вели за ТВ 21 историчарот Скендер Асани.
„Главниот спор меѓу Македонија и Бугарија е периодот на Втората светска војна, односно истерувањето на 7.189 Евреи од Скопје до Треблинка. За холокауст? Да. Зошто? Во Втората светска војна беше Голема Бугарија и Скопје беше под бугарска окупација“, вели Асани во „10 минути“ на ТВ 21.
Македонско-бугарската комисија e голема грешка затоа што само политиката може да донесе решенија, смета историчарот Скендер Асани. Додава дека единствено решение е формирање на постојани канцеларии во Софија и во Скопје.
„Од почетокот тоа стана проблем и сега ги гледаме оние црвени линии на двете делегации кои во моментот не гледаат соодветно решение. Тука гледам дека политиката само може да го реши ова прашање“, рече Асани за ТВ 21.
Дел од албанските политичари и историчари се скептични дека комисиите на двете држави можат да дојдат до решавање на историските прашања. Затоа предложија во комисијата да има и историчари Албанци.






