

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска е во Москва, пред средбата со неговиот руски колега Владимир Путин.
Тој изјави дека ја поддржува Русија во борбата против „старите и новите нацисти“.
Како што пренесува Тасс, Асад оценил дека Западот ги прифатил „старите нацисти“ на своја почва, а дека сега повторно ги поддржува.
„ Сакам да го искористам моментот, бидејќи ова е моја прва посета од почетокот на војната во Украина, за да ја повторам позицијата на Сирија во поддршката на Русија против старите и новите нацисти“, рече Асад.




