Артан Груби се скара со новинар па бараше извинување

Првиот вицепремиер Артан Груби денеска се скара со новинарот Миомир Серафиновиќ од Телма. 



Тој му посочи дека „забегал“ со одговорот на прашањето, а Груби погрешно го протолкува изразот.

„Нема да ви одговорам додека не се извините. Треба да реагира ЗНМ за ваквото однесување што е многу навредливо и неприфатливо“, рече Груби.

Серафиновиќ потоа се извини и кажа дека тој збор различно се толкува на албански и македонски јазик.

„Не ми беше намерата во тој контекст“, рече тој. Новинарот го праша Груби дали го познава Бранислав Димитријевиќ, македонски државјанин под истрага на ерменското обвинителство, Димитријевиќ бил на позиција тим лидер за француско-шпанскиот конзорциум „Савеж-Ептиса“. Информацијата ја потврди и ерменското обвинителство.

„Ептиса го демантираше тоа, никогаш не бил ангажиран ниту дел од компанијата, ако имате  информации доставете ги во ЈО и нека постапат институциите“, одговори Груби.

фото Фејсбук