„Гледам сите ја споредуваат оваа пресуда со пресудата на дедото кој ја повлече Шеќеринска за коса и доби поголема казна. Тоа веќе е јасно дека косата на Радмила Шеќеринска тежи повеќе од животот на малолетник, но да не заборавиме дека во тој монтиран процес се досуди казна затвор на патриоти во висина од над 216 години!
Сега е јасно, во оваа држава казна е да си патриот и ќе гниеш по затвори, а ако си убиец многу брзо ќе шеташ слободен… “ сподели на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски по повод судската пресуда од три години за минатогодишното убиство на 17 годеишниот кошаркар Никола Христовски, во Ново Лисиче.






