„Многу очекувавме и многу се ослонивме на системот на солидарност на меѓународната испорака на вакцина. Ние требаше, специјален закон кој ќе ги прескокнеше административните процедури за увоз на вакцини, да донесеме во октомври.



Требаше да ги баталиме овие очекувања од Ковакс, солидарните системи и требаше Владата и министрите да го запалат авионот и да одат од производител до производител и да се обидат да обезбедат вакцини по било која цена“, вели Петар Арсовски, кој важи за еден од гласноговорниците и поддржувачи на власта во гостување на ТВ Клан.

Аналитичарот вели дека дека Владата требаше да предвиди дека на светско ниво ќе биде борба за вакцина и дека солидарноста, како што кажа, ќе отиде по ѓаволите и дека требаше да се занимава со реална политика. Требаше да сме свени дека единсвениот механизам по кој нарачавме вакцини нема да профункционира на време, додаде Арсовски.