Поранешниот македонски амбасадор Љупчо Арсовски на социјалните мрежи го коментира завчерашниот телефонски разговор на бугарскиот премиер Кирил Петков, кој од македонскиот колега Димитар Ковачевски, барал објаснување за два „инциденти“ во Македонија од кои вториот бил – скршено стакло на бугарскиот културен клуб во Бугарија“.



„Во нормално време и во нормални односи меѓу две пријателски земји објаснување се бара по дипломатски пат.

Подигнување на многу високо ниво за скршен прозорец на сомнителен клуб на македонски граѓани е срамно за Бугарија од повеќе аспекти“ напиша амбасадорот Арсовски на Фејсбук.

Да потситиме, „инцидентот“ за кој реагирал Петков, го предизвикала поранешната сопруга на првиот човек на „клубот“ и која јавно соопшти дека таа го искршила стаклото од влезната врата.