Претседателот на Советот на амбасадори, Љупчо Арсовски, информира дека тие се спротивставуваат на новата идеја лица со двојно државјанство да можат да бидат македонски амбасадори.



„Смешен е и предлогот да не се испраќаат во земјата од која имаат државјанство, па таман работа во своја земја да е некој амбасадор“, вели Арсовски.

Амбасадорот вели дека „единствено беше направен преседан пред триесетина година, кога Љубица Ачевска беше именувана за специјален претставник во Вашингтон, но тогаш се направи договор нејзиното американско државјанство да биде замрзнато.

Овој предлог со двојните државјанства е голема грешка, а објаснувањата во негова полза се неточни. Не сум чул некој (амбасадор) да има двојно државјанство во мојата 40-годишна дипломатска кариера и има причини зошто тоа не се прави“, вели Арсовски за Слободен печат.

Според него ваквиот предлог не доведува до професионализација на дипломатската служба.

„Ваквата практика во Европа е одамна напуштена…“ вели амбасадорот.