Градоначалникот Шетре Шилегов и Душко Весковски директор на ЈП Водовод и канализации, и доскорашен трет човек во СДСМ местеле тендер, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Прво ја дале работата на блиска фирма а дури по три месеци распишале тендер за избор на најповолен понудувач каде добитник е – токму таа фирма.
Фирмата КБК Инженеринг на ден пред избори на 14-ти јули 2020-та година почнала со реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Варшавска“ во јули, надвор од закон, надвор од процедури, надвор од се останато што пропишуваат законите, ја завршува работата и дури после месец и половина од завршената работа се носи избор за најповолен понудувач.
Избрана е фирмата КБК Инженеринг.
Одлука за најповолен понудувач се носи дури на 6-ти октомври, а договорот е потпишан на 9-ти октомври 2020 помеѓу Водовод и КБК Инженеринг за реконструкција на водоводна мрежа на улица „Варшавска“, која што веќе е завршена.
Согласно договорот, вредноста на реконструкцијата според е 18.041.646 денари или приближно 300.000 евра со ДДВ.
„Значи, директорот на Водовод, Весковски однапред имал смислено заедно со Шилегов која фирма ќе ја добие работата, најверојатно во претходен договор со нив и свесно, на нивна совест, прават криминално дело или правно толкувано несовесно работење во служба согласно член 353 од Кривичен Законик, што јасно покажува дека во овој случај треба да има и постапка од страна на надлежните институции“, повика на денечната прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.







