Измените на Изборниот законик претставуваат мини политичка победа на ДУИ, смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски.
Во разговор за ТВ Телма, Арсовски објаснува дека со прекројувањето на петтата и шестата изборна единица, македонски гласови „се селат“ во петтата , соидносно се намалува бројот на македонски гласови во шестата изборна единица.
Според некои проценки, со оваа „операција“ се зголемува бројот на пратеници Албанци во парламентот.






