Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во разговор за „Инфомакс“ ги отфрла обвинувањата дека била „кметица на Петрич“ и открива дека нема бугарско државјанство.



Таа има разбирање и вели дека не е „трагично“ лица да имаат таков пасош.

Има дел од луѓе кои го земале од мака, од економски причини, дел го земале да шетаат по светот без препреки, меѓутоа да бидеш носител на бугарски пасош и да критикуваш дека некој има е трагично.

„Ова да не беше трагично, ќе беше смешно, особено имајќи во предвид од каде доаѓам. Тоа го зборуваат луѓе кои потврдено имаат бугарски пасоши“.

„Имам чешко државјанство, од раѓање, по мајка“, ексклузивно открива Арсовска за Инфомакс која додава дека смета дека уставни измени за внес на Бугарите во Уставот не треба да има.