Градската администрација преку отворена канцеларија ќе работи во текот на целиот ден, со цел луѓето да ги завршуваат своите обврски без да губат време и средства, ветува Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на град Скопје, честитајќи го 11 Oктомври, денот на македонската народна револуција.
– Тоа е денот кога започна востанието против фашистичкиот окупатор за ослободување на Македонија не потсетува дека никогаш не треба да престанеме да се бориме. Нашата цел секогаш треба да биде борбата за подобро, борбата за остварување на нашите права како граѓани и за подобри услови во нашиот град и држава. Затоа, ве повикувам заедно да се бориме за подобро утре за сите граѓани. Има квалитетни луѓе во Скопје и во Македонија и има луѓе кои сакаат позитивни промени, а нивниот глас треба да се чуе, вели Арсовска.
Арсовска додава дека градот Скопје за граѓаните ќе биде достапен во секој поглед.
„Ќе воведеме служба за да ги слуша и реализира издржаните проекти од страна на граѓаните и ќе се формира посебен буџет за нивна реализација. Буџетското планирање во градот ќе се прави по приоритети на граѓаните, а месните и урбаните заедници, општините и невладините организации, експертите, секогаш ќе бидат консултирани при издвојување средства за реализација на проектите. Градската администрација преку отворена канцеларија ќе работи во текот на целиот ден, со цел луѓето да ги завршуваат своите обврски без да губат време и средства. Ќе се воведат повеќе платформи – веб страница, апликации, канали на социјални медиуми, преку кои што граѓаните ќе имаат можност за брза и директна комуникација со градските власти, објасни Арсовска.





