Според првичните податоци објавени на веб-страницата на ДИК, за градоначалник на Скопје обработени се 77,13 % од гласовите.
Независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, освоила 65.457 гласови, додека кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, 61.670 гласа и тие двајцата ќе се соочат во вториот круг на 31 октомври.
Актуелниот градоначалник вчера изјави дека очекува победа уште во прв круг со предност од 10.000 гласови пред Арсовска.
Следува Петар Георгиевски од Левица со освоени 15.070 гласа, потоа Арбен Шакири од ЛДП/ДОМ со 7.134 гласа, Ана Петровска од „Зелен хуман град“ со 6.806 гласа…







