Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска тврди дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се здружени за да ја блокираат нејзината програма:
„Мое лично мислење е дека тие се фокусираат да прават хаос низ градот Скопје и да не ги гласаат проектите затоа што сакаат да ја дефокусираат јавноста од вистинските проблеми во државата, а тоа е како здружено да го сменат Уставот, но тоа е друга тема“, изјави Арсовска во интервју за ТВ Телма.
Градоначалничката демантира дека е празна буџетската каса на Град Скопје и изјави дека таквите тврдења се „политичка хајка на коалицијата СДСМ-ДПМНЕ“.







