Арсовска со новогодишно обраќање: Покажавме дека со малку средства и многу труд, со желба и посветеност можеме да постигнеме сериозни резултати

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со новогодишно обраќање им ја честиташе Новата година на сите граѓани на Република Македонија.



Таа во своето обраќање истакна дека за само 50 дена со малку средства, многу труд, со желба и посветеност се постигнати сериозни резултати кои ќе го подобрат живот на Sкопјани.

-Дозволете ми искрено и од срце да ви ја честитам 2022 година и да ви посакам спокој, здравје и среќа во годината што е пред нас.