Арсовска се налути на скопјани: Догодина ќе почнеме да украсуваме во септември

Градоначалничката на Скопје реагираше на критиките на сограѓаните околу годинашново украсување во пресрет на Новата година и иронично најави дека догодина новогодишното украсување на Градот ќе го започне – во септември.



„Јас еве им ветувам на граѓаните догодина ќе почнеме од септември да китиме“.

Околу скромното,спорд многумина, украсениот градкот плоштад,Арсовска со „контраргумент“:

„Над 2 милиони евра земале (за украсуање) изминативе години. Сега по јавен повик, украсувањето чини 30.000 евра“, вели Арсовска.

Според неа, во земјава има посериозни проблеми како „крадење 30 години, приватизација, бркање илјадници луѓе од работа, тоа не е тема на разговор тоа што секој ден му ја цицаат крвта на народот, ама тема била елката зошто била 30 илјади евра“.

„Некој го боли што утре нема да може да краде во градот. За мене поважно е сите овие ранливи категории на граѓани кои што имаат топол оброк и да имаат место каде да преспијат. Купивме две возила и сега имаме 11 за децата со попреченост и лицата со телесни и физички инвалидитетит, за да им овозможиме превоз“,порача Арсовска.

Како што кажа градоначалничката, градот има шест елки и Плоштадот е украсен.

За украсувањето на Скопје за 30.000 евра имало јавен повик, но, ниту Арсовска ниту службите во Град Скопје не кажуваат каде е објавен повикот, кога е објавен и која е фирмата која е избраната.

На веб страната на Град Скопје на која се објавени сите јавни повици врз основа на што се информира јавноста и оние кои сакаат да конкурираат, повик за новогодишно украсување нема, пишува порталот СакаДаКажам.